Германски војници „на тапет“ зашто се сликале со руски војници на спортски натпревар
Германски војници кои учествувале на неколку спортски натпревари, се фотографирале со руски војници во февруари во Бангладеш, објави „Билд“.
Осуммина руски војници за време на настанот позирале покрај седуммина припадници на германските вооружени сили, меѓу кои и шефот на германската делегација, потполковник Кристијан Ликендорф. Портпаролот на германското Министерство за одбрана за „Билд“ изјави дека Министерството реагирало веднаш по објавувањето на фотографиите, а војниците на Бундесверот кои учествуваат на натпреварите на CISM „знаеле дека таквите фотографии се неприфатливи“.
Сепак, според истрагата на „Билд“, војниците на Бундесверот биле фотографирани со руски војници на уште два настани на CISM и по „непримерните“ фотографии направени во февруари, вклучително и 79. Генерално собрание на CISM во Танзанија во мај и кошаркарско првенство на CISM во Србија во јуни.
Иако на ниту еден од тие настани немало директна спортска пресметка меѓу германските и руските војници, биле одржани заеднички „технички состаноци“ и „службени вечери“ со учество на германски и руски офицери. Германското Министерство за одбрана, како одговор на барањето на Билд, објави дека од летото почнало да го проверува учеството на германски војници на натпревари заедно со руската и белоруската армија.
Доколку таквите изјави се потврдат, учеството на германските војници на идните натпревари ќе биде откажано, пишува „Билд“.