Германски Велт тврди: Меркел утре ќе ја прими вакцината на „Астра-Зенека“

Ангела Меркел. / Фото: EPA-EFE/FILIP SINGER

Германската канцеларка Ангела Меркел утре ќе ја прими првата доза од вакцина против коронавирус, јави германскиот весник Велт, дополнувајќи дека станува збор за „Астра-Зенека“.

Меркел ќе ја прими вакцината „Астра-Зенека“, објави весникот без да наведе конкретен извор.

Бидејќи Меркел има над 60 години, таа е во возрасната група за која вакцината од „Астра-Зенека“ сè уште се користи во Германија. Забранета е за помлади од 60 години, освен ако лекар специјално не ја препорача за одреден пациент.

Претходно оваа недела, владиниот портпарол Штефен Зајберт изјави дека Меркел „наскоро” ќе се вакцинира.

На лицата под 60 години во Германија на кои им е дадена вакцината „Астра-Зенека“ како прва доза, им се дава друга вакцина за нивната втора доза.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот