Германски предизвик за вардарци, „црвено-црните“ против десеткуваниот Кил за прекин на серијата од два порази

Вардар против Пик Сегед ќе се обиде да ја прекине серијата од три порази/Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Ракометарите на Вардар вечера (20.45 ч) ги продолжуваат настапите во Лигата на шампионите и против германскиот гигант Кил. Иако станува збор за еден од најголемите ракометни клубови, Кил сепак во Скопје доаѓа во идеално време бидејќи тренерот Филип Јиха нема да може да смета на неколку клучни ракометари.

Кил вечерва во СЦ „Јане Сандански“ ќе настапи без најдобриот стрелец Сандер Сагосен, без главниот човек во одбраната Патрик Винчек и без бекот Штефан Вајнхолд.

Десеткуваниот Кил претставува можност вардарци конечно да ја прекинат серијата од два порази по ред (против Монпелје дома и Архус на гости) во Лигата на шампионите и да се врати на победничките патеки.

Тренерот на Вардар, Веселин Вујовиќ пак ќе може да смета и на Борко Ристовски кој не настапи минатата недела против Алборг, но во исто време предупредува дека фокусот не треба да биде отсуството на клучните ракометари кај Кил.

– Кил доаѓа во Скопје некомплетен, но не треба на тоа да се фокусираме. Сакаме ривалот да дојде со сите играчи. Сакам да победиме и кога мојот тим не е во најдобра форма и не играме најдобро, а не само да се игра во моментите на инспирација, носени од публика. Ние сме екипа направена пред стартот на сезоната, имаме 10 играчи и не е лесно да се вклопат коцките. Сигурен дека има уште многу простор да напредуваме. Иако се најавува дека Кил ќе дојде без Сагосен и Вајнхолд, и без нив може да триумфира против секого. За нас е најважно да го покажеме квалитетот, ги повикувам навивачите да дојдат и се обидеме на крајот да го победиме Кил – смета Вујовиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот