Германски политичар загина од удар на гром

Локален политичар од владејачката Христијанско-демократска партија (ЦДУ) од германскиот град Хенштет загина од удар на гром.

Политичарот Нико К. бил со пријателите на забава „под ведро небо”, кога започнало невреме.

Според весникот „Билд”, пред да си замине од забавата тој случајно се нашол во близина на електричен столб, во кој удрил гром.

Нико К. имал големи политички амбиции и планирал наскоро да влезе во окружниот совет, за кој се надевал дека ќе му биде „отскочна даска” кон повисоки политички функции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот