Германски неонацисти тренираат во воен камп во Русија- никој не може да им го забрани тоа

Учесниците ја поминаа обуката за употреба на оружје и експлозиви.

Десничарски екстремисти од Германија учествуваа на паравоена обука во камп во близина на Санкт Петербург, Русија, пишува германскиот магазин Фокус, а пренесува Дојче веле.

Подмладокот од екстремно десничарската НПД и помалата партија Дер Дрит Вег ( екстремно десничарска и неонацистичка политичка партија во Германија) ја завршија обуката, се наведува во извештајот кој се повикува на германски разузнавачки извори.

Учесниците ја поминаа обуката за употреба на оружје и експлозиви.

Меѓу учесниците не се само Германците – има Швеѓани и Финци, а по обуката учесниците ќе им се придружат на руските трупи кои дејствуваат во источна Украина.

Ги води терористичка организација

Кампот го води екстремистичкото Руско царско движење (РИМ). Германското разузнавање смета дека РИМ има два табора во близина на Санкт Петербург, а самата организација, како што сугерира и името, бара реставрација на Руската империја.

САД неодамна го додадоа РИМ на својот список на глобални терористички групи, наведувајќи дека обучувале европски неонацисти и бели врховисти.

Официјална Москва одговори дека, додавањето на групата на црната листа не помогна во борбата против тероризмот и дека засега не се познати никакви детали кои доведуваат до таа одлука.

Москва го смета нивното движење за екстремистичко, но тоа не е забрането во Русија.

Германските разузнавачки служби се свесни дека германските екстремисти одат на кампови, но од правни причини не можат да им забранат да патуваат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот