Германски народен лек: Системски ги чисти артериите од наслагите на холестерол и спречува срцев удар! (РЕЦЕПТ)

Стареењето и лошата исхрана кога тогаш ќе го земат својот данок. Со тек на време крвните садови се „истрошуваат“, стануваат помалку еластични, а нивните внатрешни ѕидови стануваат обложени со холестерол.

Поради тоа, снабдувањето на органите со крв е полошо, што особено влијае на мозокот, а наскоро може да дојде до појава на висок крвен притисок. Сето тоа заедно го зголемува ризикот од мозочен и срцев удар, како и од многу хронични болести.

Затоа се препорачува да се лекува причината, а не последицата – затоа прво мора да ги исчистите артериите. Еден од најпопуларните методи е лекот од германската народна медицина, кој наводно ги отстранува сите наслаги на холестерол и калциум од артериите.

СОСТОЈКИ:
• 4 лимони
• парче ѓумбир
• 2 литри вода
• 4-5 чешниња лук
• 2 лажици мед

ПОДГОТОВКА:
Убаво измијте го лимонот, а потоа прелијте го со топла вода, да се отстранат сите наслаги од кората. Потоа исечете го лимонот на тенки кругови или сомелете ги заедно со кората.

Излупете ги ѓумбирот и лукот, па и нив сомелете ги или изблендирајте ги. Лимонот ставете го во една стаклена тегла од три литри. Сварете два литра вода и изладете ја на 60 степени. Додадете ги ѓумбирот, лукот и медот. Убаво измешајте сè и веднаш истурете го во теглата со лимонот.

Важно: Лекот е спремен откако ќе отстои најмалку два часа.

УПОТРЕБА:
Консумирајте го секој ден на празен стомак 100 мл наутро и навечер, најдолго три недели. Потоа мора да се направи пауза од една недела, и повторно се повторува во текот на четири недели, со тоа што сега се пие еднаш дневно, наутро или навечер.

Првите резултати се видливи за 10 до 14 дена. Лекот чувајте го во фрижидер, а пред употреба загрејте го во сад со топла вода.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот