Германски медиум: САД на Русија ѝ понудиле 20 отсто од територијата на Украина во замена за мир

Шефот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) Вилијам Барнс му понудил на Киев „мир во замена за земја“, а на Москва – „земја во замена за мир“, објави германскиот весник „Ноје Цирхер цајтунг“ (НЗЗ), кој се повикува на двајца германски политичари.

Барнс во јануари им предложи на Москва и Киев да склучат мир, според кој 20 отсто од окупираната територија на Украина би била на Русија.

Сепак, според весникот, двете страни ја одбиле таквата понуда. Во Киев ги отфрлаат сите предлози за поделба на нивната територија, а во Москва се сигурни дека „во секој случај долгорочно ќе ја добијат војната“.

„Оваа верзија на настаните е целосно лажна“, изјави неименуван функционер на ЦИА за Њузвик.

Заменик-портпаролот на Советот за национална безбедност при Белата куќа, Шон Дејвид, рече дека информациите на НЗЗ „не се вистинити“. Официјално, оваа информација не ја коментираа ни Москва, ни Киев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот