Германски хулигани облечени во англиски дресови правеле хаос во Лондон

Фото: EPA/MOHAMED MESSARA

Средбите меѓу Англија Германија им задаваат главоболни на локалните полициски сили поради дивеењето на навивачиите, а вчера полни раце работа имаше лондонската полиција.

Пред натпреварот од последното коло во Лигата на нации што вчера се одигра на „Вембли“, германски хулигани облекле англиски дресови и се појавиле во пабот „Грин мен“ во кој традиционално се собираат Англичаните.

Тие кога пристигнале во пабот извадиле ладно оружје и предизвикале хаос во кој пет лица задобиле тешки телесни повреди и се пренесени во болница, а уште 20-тина се полесно повредени.

Инцидентот се случил два часа пред почетокот на натпреварот, а англиските медиуми пишуваат дека германските хулигани напаѓале и постари жени и деца.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот