Германски град нуди МИЛИОН ЕВРА за доказ дека не постои – Се започна од една ЛУДА теорија (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Германскиот град Билефелд, кој одамна е тема на полушеговити теории на заговор кои тврдат дека градот впрочем не ни постои, нуди голема награда за оној кој докаже дека теоријата е точна.

Службени лица на градот Билефелд денеска изјавија дека ќе дадат милион евра на личноста која ќе изнесе цврсти докази за непостоењето на градот.

Тие навеле дека „нема ограничување на креативноста“ на учесниците на конкурсот, но дека за наградата во обзир ќе се земаат само непобитни докази.

Идејата дека Билефилд не постои, прв ја изнел компјутерскиот експерт Аким Хелд, кој во желбата да ги исмева теориите на заговор на интернет, го објави сатиричното тврдење во 1994 година.

Дури и германската канцеларка Ангела Меркел еднаш во шала го донесе во сомнеж постоењето на Билефилд, градот кој наводно се наоѓа на околу 330 километри западно од Берлин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот