ГЕРМАНСКИ ГРАД ГО ДОБИ ПРВИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК СО СТРАНСКО ПОТЕКЛО: Во политиката влегол поради десничарите (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Во Хановер, главниот град на германската советска покраина Долна Саксонија, на власт дојде партијата на Зелените – по 70 години владеење на Социјалдемократската партија (СПД), а за градоначалник е избран политичарот со турско потекло Белит Онај (38), што е прв таков случај во Германија.

– Зелен и со турско потекло, тоа е новиот градоначалник на Хановер кој се погрижи за вистински спектакл на политичката сцена во Германија. Во градот во кој 70 години владееја социјалдемократите, и држава во која никогаш немало градоначалник со странско потекло. Сите пишуваат за Белит Онај“, пишува германскиот Дојче Веле.

Како што се пренесува, тој во неделата во вториот круг од изборите со 52,9 отсто од гласовите го победил својот главен ривал – германскиот политичар Екард Шолц (47,1 отсто).

Во првото интервју по победата, тој за германските медиуми рекол дека сака да биде „градител на мостови“, кој придонесува во надминување на поделбите во оопштеството, а за медиумите рекол и дека во политиката влегол поради десничарите.

Најавил и дека ќе работи на концепт на целосно исфрлување на автомобилите од центарот на Хановер, како и дека ќе се бори до крај за да го подобри животот во овој град.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот