Германски експерти од Федералната криминалистика пристигнуваат деновиве во Македонија за да ја помогнат истрагата околу несреќата во Тетово

Пожар во ковид модуларна болница во Тетово / Фото: EPA-EFE/STRINGER

Утрово е потврдена поддршката од НАТО сојузникот Германија, со што се одобрува во земјава да пристигнат стручни лица со највисок степен на експертиза во истраги при несреќи за да помогнат во утврдувањето на причините за пожарот во модуларниот ковид-центар во болницата во Тетово, соопштија од Владата на РСМ.

– Станува збор за експертски тим кој доаѓа од Германија, поточно од Бундескриминаламт или Федералната криминалистичка полиција чиј делокруг на работа е токму во национална и меѓународна соработка, истраги, истражувања и развој. БКА е со висока експертиза во поддршката при истраги, особено во делот на форензички науки, днк анализи, електронски истраги и идентификација, информираат од Владата.

Како што стои во Владиното соопштение, во специјалните задачи кои ги работи БКА е и тим кој работи на истраги со жртви во катастрофи и несреќи. Имено, станува збор за институција која во Германија има 60-годишна традиција на дејствување, со околу 7000 вработени.

Тимот експерти ќе соработува со МВР и ќе ја помага истрагата која ја води ОЈО.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот