Германски експерт за допинг: Се сомневам во Надал

twitter/DavisCup

Германскиот експерт за допинг кај спортистите, Фриџ Соргел е убеден дека најдобриот тенисер според АТП ранг листата, Рафаел Надал, не е чист.

Тој во разговор за германските медиуми изјави дека се сомнева дека Надал е еден од оние кои користат анаболички стероиди.

– Анаболичките стероиди се „класика“ во тенисот, така што не сум изненаден. Со децении следам се што се случлува и имам прилично јасна слика, посебно за допингот во тенисот. Тенисот е еден од четири спортови каде највеќе се користи допинг, заедно со зимските спортови и велосипедизмот. Рафаел Надал покажува знаци на абнормалност. Погледнетете го неговото тело, тоа не е тело за тенисер. Исто така Надал доаѓа од Шпанија, земја која е позната во минатото по допинг аферите – вели Соргел.

Експертот смета дека тенисерите поради одредени причини не се толку често контролирани како останатите „сомнителни“ спортови.

– Сите тие добро се советувани за да не дојде до неправилности. Тениската Федерација ги штити своите ѕеззди и поради тоа никогаш не можеш да коментираш и никогаш ништо не се знае. Можеме само да се сомневате – потенцира Соргел кој дава примери од минатото кога големите ѕвезди користеле недозволени средства.

– Матс Виландер и Мартина Хингис беа фатени како користат кокаин во минатото, Виландер доби тримесечна суспензија. Хингис изјави дека кокаинот го мешала со сок од портокал и беше казнета со две години. Но што е со Андре Агаси? Тој костеше „crystal meth“ и не беше казнет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот