Германски експерт предупредува: Полицискиот час е контрапродуктивен

Фото: Илустрација/EPA

Германски експерт за аеросоли, Герхард Шојх смета дека полицискиот час, од епидемиолошки поглед, е контрапродуктивен.

Шојх за телевизијата ВДР рекол дека планираните сојузни мерки, кои вклучуваат и полициски час од 21 до 05 часот наутро, не се добри.

Бившиот претседател на Меѓународното друштво за истражување на аеросоли истакна дека на тој начин само ги тераат луѓето да седат во затворени простори, кои се од епидемиолошки поглед помалку безбедни.

-Ако воведуваме полициски час тогаш им сугерираме на граѓаните – пази, надвор е опасно. Меѓутоа, случајот е целосно спротивен, додаде тој.

Шојх истакнува дека е поопасно доколку граѓаните поминуваат повеќе време во затворени простории.

Извор: Блиц.рс

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот