Германски цариници запленија 600 килограми сушено месо од Западен Балкан

Месо / Фото: Архива на Слобден печат

Германски цариници во Штутгарт заплениле околу 600 килограми сушени производи од месо кои немале задолжителни ветеринарни сертификати. Месото кое било спакувано во патни торби е пронајдено при претрес на два автобуса кои пристигнале од земји на Западен Балкан.

Шверцерите кои се обиделе да го внесат месото во Германија се казнети за внесување храна без дозвола. Тие, исто така, ќе треба да ги платат сите трошоци, вклучително и уништувањето на тие добра.

– Целта на забраната за увоз на храна без потврда е да се спречи ширењето на опасни животински болести, како што е африканската свинска чума – изјави портпаролот на Главната царинска испостава, Томас Семан.

Инаку, царината на аеродромот во Штутгарт запленува повеќе од четири тони храна секоја година, кои шверцерите се обидуваат да ги увезат во Германија без дозвола и без потврда.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот