Германската Влада заздравувањето на Навални го оцени како „охрабрувачко”

Русија го отфрли сомнежот дека е вмешана во труењето на Навални и ја обвини Германија дека не ги обезбедила потребните информации на истражителите кои работеле на случајот

Германската Влада денеска ја поздрави веста за стабилизирањето на состојбата на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални и потврди дека Москва испратила второ барање за судска помош до Германија за овој случај.

Навални, кој на 20 август се разболе на внатрешен лет од Томск за Москва, вчера објави селфи фотографија од берлинската болница „Шарите, во која се лекува речиси четири недели, пренесоа американските медиуми.

„Се уште не можам речиси ништо да правам сам, но вчера успеав самиот да дишам цел ден”, напиша Навални.

-Германската Влада со олеснување ги прими најновите вести од „Шарите”, според кои здравствената состојба на Алексеј Навални дополнително се подобрила, изјави портпаролката на владата Улрике Демер.

Германија побара Русија да одговори на прашањата во врска со труењето на Навални, откако германската воена лабораторија го потврди присуството во неговото тело на отровот „Новичок”, нервен агенс од времето на СССР, претходно поврзан со обид за атентат врз критичарите на Кремљ.

Русија го отфрли сомнежот дека е вмешана во труењето на Навални и ја обвини Германија дека не ги обезбедила потребните информации на истражителите кои работеле на случајот

Одделно, германското Министерство за правда објави дека од Русија добило второ барање за судска помош.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот