Германската рекламна кампања за борбата против коронавирусот го воодушеви целиот свет

Instagram

Пандемијата на коронавирусот го зафати целиот свет, ги промени нашите животи и не „затвори“ дома. Несомнено, за повеќето луѓе, најдобриот начин да се заштитат себе и здравјето на другите е едноставно седењето дома.

Хероите на 2020 година ја прифаќаат старата таоистичка поговорка „кога ништо не правиш, ништо не останува незавршено“.  Германската влада со интересна реклама ги поздрави сите оние кои имааат храброст, упорност и истрајност да не прават ништо за време на пандемија.

„Само што наполнив 22 години и студирав инженерство кога се случи вториот бран“, вели Антон Леман за време на интервју спроведено децении во иднината.

„На таа возраст, сакате да се забавувате, да студирате, да запознавате луѓе, да одите на пијалоци со пријателите… Сепак, судбината имаше различни планови за нас“, продолжува тој.

Фокусот на рекламата потоа се преместува на снимки од Леман како млад човек кој се препушта на агресивно нездраво грицкање како гледа телевизија.

„Одеднаш, судбината на оваа земја легна во наши раце. Значи, ние собравме храброст и го направивме она што се очекуваше од нас, единствената правилна работа. Ние не правевме ништо. Апсолутно ништо. Бевме мрзливи како ракуни“, продолжува тој.

„По цел ден и ноќ дремевме дома и се боревме против ширењето на вирусот… Нашиот кауч беше линијата на фронтот, а трпеливоста беше нашето оружје. Така станавме херои, тогаш, за време на таа коронска зима во 2020 година“.

Германската влада направи уште две рекламни видеа. Втората приказна ја следи приказната за идната сопруга на Леман, Луиз. На видеото таа вели дека се чувствувала одлично во врска со нивната иднина пред да започне пандемијата.

„Целата земја се надеваше на нас, младите. Така, ние ја собравме целата своја храброст и не правевме ништо“, рече Леман додека на видето се гледа како парот лежи во кревет и јадат.

Со одмор и што е можно помалку средби со луѓе го запреа ширењето на вирусот а со тоа станаа „специјални херои“. Третата приказна е за еден постар човек по име Тоби Шнајдер кој исто станал херој во 2020 година поради својата екстремна мрзеливост.

„Пред пандемијата, без сомнение, бев најмрзеливата личност што чекори низ оваа земја, скоро никогаш не излегував од станот, играв компјутерски игри без никаква амбиција и јадев ладни равиоли директно од плехот затоа што бев премногу мрзлив да ги загреам“, почнува приказната на Шнајдер.

„Моите пријатели ме викаа мрзливиот Тоби, но јас бев премногу мрзлив да се нервирам поради тоа… И кога вирусот се прошири, јас останав истата мрзлива „вреќа компир“ како порано… Но, за разлика од мене, светот  се смени: за да го победат вирусот, луѓето мораа да останат дома, да не прават ништо и одеднаш, мрзливоста почна да спасува животи а јас бев шампион во тоа.“

Оваа кампања е одличен потсетник за секој што некогаш сакал да се одмори без да чувствува притисок или грижа на совест. Сега е времето. Нема да има друга точка во вашиот живот кога ќе можете да не правите апсолутно ништо. Размислете дали не е паметено да се одморите пред животот да ни се врати во нормална кога вакцината ќе стане достапна. Подготвени сте да бидете херој?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот