Германската полиција започна акција против меѓународна криминална група за шверц на луѓе

Фото: Илустрација/EPA

Германската полиција изутринава започна акција во Берлин против меѓународна криминална група, која е специјализирана за шверц со луѓе.

Полицијата изврши претрес во вкупно 11 објекти и издаде налог за апсење на еден албански државјанин, соопшти портпарол на полицијата.

Во станот на осомничениот биле откриени четири лица, за кои постои сомнеж дека се жртви на шверц со луѓе. Исто така, пронајдени се и повеќе документи, меѓу кои и пасоши.

– Во потрага сме по докази, со цел да се уапси групата осомничени, се додава во полициското соопштение.

Според весникот „Билд”, криминалната група е составена од членови со потекло од Грција, Северна Македонија, Косово, Албанија, но и од Германија. Тие главно патувале со автобуси и авиони како туристи во Германија, каде бандата им давала лажни грчки или италијански дозволи за работа.

Цената е формирана зависно од квалитетот на фалсификуваните документи, а познато е дека морале да плаќаат меѓу 5.000 и 9.000 евра по лице. Воспоставувањето контакт со бандата е овозможено преку локални туристички агенции, а на „клиентите” времено им се давале на користење и станови во Берлин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот