Германската полиција заплени околу 250 оружја и неколку илјади куршуми од симпатизер на десницата

Фото: Илустрација/EPA

Германската полиција денеска соопшти дека запленила околу 250 парчиња огнено оружје и неколку илјади куршуми од човек за кој се претпоставува дека е симпатизер на крајната десница.

Полицијата во северозападната држава Долна Саксонија соопшти дека оружјето е пронајдено во областа јужно од Хамбург, при синоќешниот претрес.

Во полициското соопштение се наведува дека истражителите сметаат дека човекот има десничарски симпатии „поради целокупните околности”. Во интерес на истрагата, не се дадени детали зошто мажот поседувал огнено оружје.

Екстремно десничарското насилство предизвикува голема загриженост во Германија во последните неколку години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот