Германската полиција вооружена до заби во акција против албански дилери

Бота Сот

Во раните утрински часови во вторникот, германските специјални полициски сили спроведоа рација врз неколку куќи во Оберхаузен. Полицијата ги фати неподготвени оние кои беа во становите.

Германскиот весник „Билд“ пишува дека целта на германската елитна полиција и вооружена до „заби“, била албанската нарко-мафија.

Шест потерници за членови на организиран криминал требаше да ги спроведе полицијата, додека истражителите сакаа да обезбедат доволно докази за време на полициската акција. Уапсени се деветмина осомничени, додека нивните имиња се уште не се познати. Тие беа однесени во притвор.

Кучињата против наркотици, исто така, беа на располагање на на полицајците, кои запленија повеќе од три килограми канабис. Другите германски медиуми објавија дека покрај притворените Албанци има и Тунижани, Мароканци и Германци. Меѓу деветмината уапсени, има и две жени на возраст меѓу 25 и 33 години, пренесува Бота Сот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот