ГЕРМАНСКАТА ПОЛИЦИЈА УБИЛА ПОЛЈАК: Усмртил девојка и вперил пиштол кон полицајците

Фото: Илустрација/EPA

Германската полиција убила 25-годишен Полјак кој пребегал во Германија, откако во својата земја неодамна убил девојка.

Мажот бил убиен во средата попладне кога полицијата го запрела неговиот автомобил на автопатот, врз основа на потера од Полска, а потоа тој вперил пиштол кон нив, поради што полицијата била принудена да пука.

Тој бил осомничен дека убил жена од Украина, а германската полиција добила предупредување дека лицето е вооружено и опасно.

Целиот случај ќе го преземе германското обвинителство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот