Германската полиција запре повеќе од 50 екстремисти кај полската граница

Гранична полиција
Гранична полиција/ Фото: PETRAS MALUKAS / AFP / Profimedia

Германската полиција соопшти дека запрела повеќе од 50 десничарски екстремисти вооружени со солзавец, бајонети, мачети и палки кои сакале да патролираат долж полската граница за да спречат мигранти да влезат во земјата.

Екстремистите го следеле повикот на Третиот пат, екстремно десничарска партија за која постои сомневање дека се поврзани со неонацистички групи, нивните членови да ги запрат илегалните преминувања во близина на градот Губен на германско-полската граница.

– Полицијата им го заплени оружјето и ги принуди да ја напуштат областа Губен доцна навечер во саботата и раните часови во неделата, изјави портпаролот.

Некои осомничени дојдоа на полската граница од други делови на Германија.

Десетици луѓе се собраа во саботата во Губен за да се спротивстават на планираните десничарски патроли.

Министерот за внатрешни работи Хорст Зехофер изјави дека Германија распореди дополнителни 800 полицајци на полската граница за да го контролира протокот на мигранти кои се обидуваат да влезат во ЕУ од Белорусија.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот