Германската „Корона апликација” преземена 15 милиони пати

Германската „Корона апликација”, три недели по објавувањето, е преземена 15 милиони пати, соопшти Институтот „Роберт Кох” (РКИ).

Апликацијата „Corona Warn-app” треба да помогне да се следи заразата, со цел нејзино прекинување.

Покрај тоа, треба да помогне граѓаните кои се тестираат да го добијат резултатот од тестот што е можно побрзо.

Преку апликацијата, можно е и анонимно да се предупредат евентуални контакти за заразата, доколку имаат инсталирана програма, чиј развој беше поттикнат од Владата и кој се смета за важна алатка во натамошната борба против коронавирусот. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот