29 C
Скопје

Германската авиокомпанија со дебело минусно салдо: „Луфтханза“ со оперативни загуби од 1.26 милијарди евра во третиот квартал

Германската авиокомпанија „Луфтханза” соопшти дека работела со оперативна загуба од 1,26 милијарди евра во третиот квартал поради масовното откажување на летови во време на пандемијата и трошоците за компензација на патниците. Во истиот период лани, компанијата работеше со профит од 1,3 милијарди евра.

„Луфтханза“, сепак, успеа да воспостави некои летови во третиот квартал од оваа година и ги намали оперативните трошоци, па загубата е помала отколку во периодот од април до јуни, кога пред каматата и даноците изнесуваше 1,7 милијарди евра.

Оперативната загуба во првите девет месеци од оваа година достигна 4,2 милијарди евра, во споредба со оперативната добивка од 1,72 милијарди евра во истиот период минатата година, покажа деловниот извештај. Компанијата очекува слаба побарувачка до крајот на годината.

Поврзани вести

Нуредини: Во иднина ќе бидеме земја-транзит за гас за другите земји

Слободен печат

Филипче: На 14 мај пристигнуваат 38 400 вакцини од „Астра-Зенека“

Слободен печат

Претседателот на Собранието, Џафери се сретна со чешкиот министер за одбрана Метнар

Слободен печат

Државата за багателни цени сака да распродава земјоделско земјиште

Слободен печат

Во Тексас убиени двајца заменици шерифи

Владата ја одржа 69. седница, донесени повеќе одлуки

Слободен печат

Остави Коментар