Германската амбасадорка Холштајн за меморандумот на Бугарија: Билатералните проблеми да се решаваат билатерално

Фото: mia.mk

Билатералните проблеми не треба да бидат дел од преговарачката рамка за проширување на Унијата, е ставот на Германија, актуелен претседавач со Европската Унија (ЕУ), во врска со Меморандумот што Бугарија го проследи до земјите членки на Унијата.

Објавен целосниот бугарски меморандум: Земја кандидат не треба да внесува отворени прашања во ЕУ

Германската амбасадорка во земјава, Анке Холштајн во врска со документот на источниот сосед, а пред најавената прва меѓувладина конференција порача дека во суштински интерес на Бугарија е да не се блокира овој процес.

– Бугарија ги кажа тие барања на останатите земји членки на почетокот на август. Наше мислење, а според мои сознанија и мислење на други земји членки, е дека билатерлани односи не треба да се ставаат во преговарачка рамка. Билатералните проблеми треба да се решаваат билатерално. Бугарија отсекогаш била голем поддржувач на европските интеграции на регионот чиј дел е, секако, и Северна Македонија. Од суштинско знаење за Бугарија е да не се блокира процесот на проширување на Унијата во овој регион“, порача амбасадорката Холштајн во неделното интервју за Радио Слободна Европа.

Таа, истовремено, изрази надеж дека членките на Унијата ќе постигнат договор за преговарачката рамка и оти меѓувладината седница, што е заедничка цел и на Германија и на Северна Македонија, ќе се одржи во декември.

– Одржувањето на првата меѓуврадина конференција, како официјален почеток на преговорите за проширување на Унијата со Северна Македонија е наша голема цел. Во рамки на Унијата треба да се договориме за преговарачката рамка што во моментот е предмет на расправа во Брисел. Кога ќе има договор за неа, може да има и датум за првата меѓувладина конференција што се надевам дека ќе се реализира во декември“, додаде Холштајн.

Бугарија во меморандумот потенцира дека главните отворени прашања со Северна Македонија се однесуваат на јазикот, на заедничката историја и на малцинските прашања и нагласува за наводна „државна антибугарска идеологија“. Притоа официјална Софија ги повика властите во Скопје да „раскинат со идеолошкото наследство од комунистичка Југославија“, што според Бугарија било причина за „етничкиот инженеринг“ во Северна Македонија.

Собранието да расправа за бугарскиот „катил ферман“!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот