Германска новинарка го обвини поранешниот француски претседател за сексуално вознемирување

epa07070928 French President Emmanuel Macron (2-L) greets the member of the Constitutional Council Valery Giscard d'Estaing (R) at the Constitutional Council in Paris, France, 04 October 2018 (issued 05 October 2018), during a meeting to mark the 60th anniversary of the promulgation of the Constitution of the Fifth Republic adopted by referendum on 28 September 1958. EPA-EFE/THOMAS SAMSON / POOL MAXPPP OUT

Поранешниот француски претседател Валери Жискар д’Естен (94), кој управуваше со државата во периодот од 1974 до 1981 година е обвинет од германска новинарка дека без нејзина согласност интимно ја допирал, пренесува „Ле Монд”.

Инцидентот, наводно, се случил во 2018 година кога наводната жртва, 37-годишна новинарка на германскиот јавен радиодифузер ВДР (WDR), Ен-Катрин Штраке, го интервјуирала поранешниот француски претседател на 100-от роденден на поранешниот германски канцелар Хелмут Шмит.

Фактите датираат од 18 декември 2018 година. На тој ден, новинарката Штраке имала интервју со Валери Жискар д’Естен во неговата канцеларија на булеварот Сен Жеремен, во Париз.

На крајот од интервјуто, новинарката Штраке го прашала Валери Жискар д’Естен дали би сакал да позира за фотографија со неа, нејзиниот снимател и тон мајстор. Тој тоа го прифатил. Но, новинарката тврди дека во таа прилика поранешниот претседател ја ставил раката околу неа, и ја допрел половината и потоа ја спуштил раката на задникот.

Ен-Катрин Штраке (37) Фото: Твитер

И новинарката како што пренесува Ле Монд , тоа го потврдила во поплаката:

– Многу изненадена и неодобрувајќи го ова однесување, тоа предизвика крајна непријатност кај мене, се обидов да ја отфрлам раката на Валери Жискар д’Естен, но не успеав.

Бидејќи фотографијата е со лош квалитет, тие се сликаат уште еднаш. Како и првиот пат, асистентот на Валери Жискар д’Естен го држи апаратот. Повторно, новинарката се сеќава дека Валери Жискар д’Естен и ја допрел половината и задникот.

„Се чувствував како тој да инсистира”, вели таа.

Покрај тоа, пред заминувањето, поранешниот француски претседател инсистирал да ја бакне г-ѓа Штраке додека шепотел „слатки соништа”, според неа.

Од неговата канцеларија изјавиле дека поранешниот претседател „не се сеќава за неговата средба” со г-ѓа Штраке.

Верувајќи дека обвинувањата се сериозни, раководството на медиумот и наложува на адвокатска фирма да го земе предвид сведочењето на новинарката. Снимателот ја потврдува верзијата на неговата колешка, додавајќи дека ситуацијата му се чинела „чудна”, и дека начинот на кој се однесувал Валери Жискар д’Естен му се чинел „несоодветен со оглед дека доаѓа од поранешен шеф на државата”.

Тонската снимателка од друга страна, одбива да сведочи, без да објасни зошто.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот