Германска компанија до крајот на годината ќе произведува 20 милиони тестови за коронавирус месечно

Германската компанија „Киагена“, која произведува опрема за молекуларна дијагностика, едвај успева да одговори на побарувачката за опрема за тестирање на коронавирусот.

Томас Турингер, портпарол на компанијата, вели дека производството неодамна се зголемило за 70 отсто – месечно се произведуваат околу 1,5 милиони тестови за Ковид-19, а до крајот на годината најавува производство на 20 милиони тестови месечно, пренесува „Дојче Веле“.

– Ова е глобален предизвик и ситуацијата варира од земја до земја. Разликите посебно се гледаат во тоа колку брзо државите го препознале вирусот и дали тие дејствувале брзо или не – вели Турингер.

Резултатите на компанијата Киаген предизвикаа интерес и кај други компании. Американскиот производител на лабораториска опрема Термо Фишер е подготвен да го купи Киаген за околу 10 милијарди евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот