Германска фирма преговара за изградба на фабрика за тенкови во Украина

Фото: Bundeswehr/Wikipedia

Германскиот производител на оружје „Рајнметал“ преговара со Киев за отворање фабрика за тенкови на територијата на Украина, рече шефот на оваа компанија Армин Пејпергер во интервју објавено на 4 март. Тој изјави дека разговорите со Украина се „ветувачки“ и дека се надева дека одлуката ќе биде донесена „во следните два месеци“.

„Фабрика на Рајнметал може да се изгради во Украина за околу 200 милиони евра“, рече Пејпергер за весникот Рајнише пост, додавајќи дека таквата фабрика „може да произведува до 400 борбени тенкови од типот „Пантер“ годишно“.

Шефот на „Рајнметал“ е уверен дека фабриката на тлото на Украина може да се заштити од руските воздушни напади, јави РСЕ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот