Германка со недели се шетала со добитно лото: Случајно открила дека добила 33 милиони евра

лото
Фото: Unsplash

Жена го погодила џекпотот на „Баварската лотарија“, во Германија, но дознала за добивката дури неколку недели подоцна. И тоа – сосема случајно.

Добивката вреди 33 милиони евра

Единствената добитничка, чие име не се споменува, купила лоз за 1,20 евра со претходно пополнети броеви. Но, го заборавила добитното ливче во својата чанта, како што пренесува „Скајњуз“. Бројките биле извлечени на 9 јуни, според „Лото Баерн“.

Среќната жена потоа споделила дека билетот го пронашла сосема случајно и кога дознала дека ги погодила седумте броеви, почувствувала вртоглавица.

– Парите се повеќе од доволно за мене, мојот сопруг и ќерка ми да се чувствуваат добро и да не се грижат за ништо повеќе – рекла таа.

Сега среќничката ветува дека никогаш повеќе нема да купи лото-ливче, ќе води мирен живот и ќе се обиде да направи повеќе за природата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот