Германија загуби, Србија ќе се бори за Олимписки игри!

rss.org.rs

Ракометарките на Германија загубија од Норвешка со резултат 32:29 и така ѝ направија голема услуга на Србија. Германија загуби во последниот натпревар од групата „1“ на Светското првенство во Јапонија остана без полуфинале.

Норвежанките ја оправдаа фаворитската улога и ја задржаа Србија на третата позициуја во групата (поради подобриот меѓусебен скор со Германија), и така Србија доби можности да учествува на квалификацискиот турнир за пласман на наредните Олимписки игри во Токио 2020.

Избраничките на Љубомир Обрадовиќ претходно херојски извлекоа реми против Данска, со погодок во последната минута.

На квалификацискиот турнир за Игрите, ќе се формираат три групи од по четири репрезентации, и двете најдобро пласирани ќе обезбедат настап на ракометниот турнир во Токио.

Србија на СП ќе одигра уште еден меч, за петтото место против селекцијата на Црна Гора. Полуфиналните дуели ќе се одиграат в петок (13. декември), Норвешка против Шпанија, а Русија против Холандија.

Резултати:
Јужна Кореја – Холандија 33:40
Шпанија – Русија 26:36
Романија – Јапонија 20:37
Србија – Данска 26:26
Црна Гора – Шведска 26:23
Норвешка – Германија 32:29

Табела Група – 1: Норвешка 8 бода, Холандија 6, Србија 5, Германија 5, Данска 4, Јужна Кореја 2.

Табела Група – 2: Русија 10 бода, Шпанија 7, Црна Гора 6, Шведска 5, Јапонија 2, Романија 0.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот