Германија во трет бран, Меркел со план за внимателно олабавување на мерките

epa09033233 German Chancellor Angela Merkel arrives for the weekly government cabinet meeting on 24 February 2021 in Berlin, Germany. High on the morning's agenda is the continued deployment of German troops in the NATO mission in Afghanistan, among other topics. EPA-EFE/SEAN GALLUP / POOL

Германија е во трет бран на пандемијата со корона вирусот, предупреди канцеларката Меркел, обраќајќи се на пратениците на нејзината конзервативна Христијанско-демократска унија. 

„Сега сме во трет бран“, изјавила Меркел, пренесе Ројтерс повикувајќи се на неименувани извори од состанокот

Меркел смета дека секое ублажување на мерките треба да биде постепено и внимателно, за да не се случи при зголемен број на заболени, особено од новите соеви на вирусот повторно да се воведува карантин. Карантинот во Германија е воведен кон крајот на минатиот месе и беше продолжен до седми март.

Во германските медиуми објавен е планот на канцеларката Ангела Меркел за отворање на економијата, јави Дојче Веле.

Планот за олабавување на мерките ќе се одвива во три фази: намалување на рестрикциите на личните контакти помеѓу домаќинствата, а потоа да се отворат училиштата и спортските објекти, и на крај отворање на рестораните и културните институции.

Затворање на сите фирми кои не се сметаат за неопходни за живот и контролата на границите со Австрија и Чешка, каде се јавија нови жаришта поврзани со позаразниот сој на вирусот ѝ помогнаа на Германија да го намали брзојот на новозаразени. Бавната вакцинација и ризикот од ширење на новите соеви на вирусот, би можело да го отежне ублажувањето на мерките.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот