Германија во Дуизбург против Македонија со Нојер, Хаверц, Вернер..!

Фото: EPA-EFE/CLEMENS BILAN

Како што се најавуваше денеска германскиот селектор Јоаким Лев го објави списокот на повикани играчи за првите натпревари од квалификациите за пласман на Светското првенство 2022 година во Катар.

Германија која е најголемиот фаворит во квалификациската група е еден од противниците на Македонија, а првиот меѓусебен меч ќе го има на 31 март во Дуизбург.

Нашиот селектор Игор Ангеловски веќе го објави списокот на репрезентативци, а истиот се очекува можеби да има промени со оглед на тоа што ќе ги нема Влатко Стојановски и Ѓоко Зајков, а можно е и да недостасува Иван Тричковски поради повреда.

Составот на германската репрезентација –

Голмани: Лено, Нојер, тер Штеген, Трап
Одбрана: Чан, Гинтер, Госенс, Халстенберг, Клостерман, Макс, Рудигер, Зуле, Та
Среден ред/напад: Гнабри, Горецка, Гундоган, Хаверц, Хофман, Кимих, Кроос, Мусиала, Нојхаус, Сане, Вернер, Вирц, Јунес.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Die Mannschaft (@dfb_team)

За првпат во сениорскиот тим се наоѓаат 18-годишниот Џамал Мусиала од Баерн Минхен и 17-годишниот играч Флориан Вирц од Баер Леверкузен.

Повратникот во селекцијата е Амин Јунес од Ајнтрахт Франкфурт кој последен пат настапи за репрезентацијата во октомври 2017 година.

– Ќе имаме екстремно тесна програма од три натпревари за седум дена. Сакаме да го стартуваме квалификацискиот циклус со три победи. Секако во нашите мисли е и настапот на Европското првенство. Преку тренинзите и престојните мечеви ќе видиме кои играчи заслужуваат да бидат дел од ЕП. Воедно среќни сме што можеме да сметаме на играчите од Премиер лигата во Дуизбург и Букурешт. Што се однесува до повикот до Мусиала и Вирц, тие го заслужија тоа со изминатите добри перформанси. Млади играчи кои имаат голем потенцијал, и наша одговорност чекор по чекор да ги носиме кон највисокото ниво – рече Лев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот