Германија: Ултра десничар го загуби пратеничкиот имунитет за да може да му се направи претрес

Foto: EPA-EFE/PHILIPP GUELLAND

Пратениците исто така го укинаа имунетотот и на уште еден колега, член на партијата на канцеларката Ангела Меркел, но причината засега не е позната.

Германските пратеници го поништија пратеничкиот имунитет на крајно десничарскиот политичар Александар Гауланд поради истрага која се води поради наводни даночни неправилности.

Гауланд (78) е еден од лидерите на парламентарната партија Алтернатива за Германија. Имунитетот му се одземен за да може да се спроведе одлуката за претрес и заплена, како што претходно наложи судот.

Германските медиуми јавуваат дека обвинителството во Франкфурт истражува дали Гауланд правилно го уплаќал данокот.

Пратениците исто така го укинаа имунетотот и на уште еден колега, член на партијата на канцеларката Ангела Меркел, но причината засега не е позната.

Истрагата против Гауланд е различна од онаа која се води против неговата колешка од АФД, Алиса Вајдел, која е обвинета за илегално финансирање на партијата. Вајдел ги негираше овие тврдења.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот