Германија со предупредување до граѓаните да не патуваат во делови од Бугарија и Романија

Фото: EPA

Кога станува збор за Романија пак, предупредувањето се однесува за местата Аргеш, Бихор, Бузау, Неамт, Лаломита, Мехдединти и Тимиш, но не и за популарните дестинации во Трансилванија и Црното море.

Германската влада ги предупреди граѓаните да не патуваат во делови од Бугарија и Романија поради наглиот пораст на бројот на заразени со Ковид-19 во овие земји.

Новото предупредувње, објавено на интернет, се однесува на подрачјата кои се популарни меѓу туристите, вклучувајќи ја и Варна, Бугарија, каде се наоѓа значајно важно воздушно пристаниште.
Владата предупредува и да не се патува во бугарските места Благоевград и Добриќ.

Бугарија е популарно одредиште затуристи од Русија, Велика Британија, но и Германија.

Туристите кои се враќаат од тие места мораат да се тестираат

Бугарските функционери го отфрлуваат извештајот дека не воведеле доволно заштитни мерки против ширењето на вирусот.

Кога станува збор за Романија пак, предупредувањето се однесува за местата Аргеш, Бихор, Бузау, Неамт, Лаломита, Мехдединти и Тимиш, но не и за популарните дестинации во Трансилванија и Црното море.

Германскиот инстутит Роберт Кох, центар за контрола на болести, смета дека тие подрачка се со зголемен ризик, па туристите кои се враќаат од таму ќе мораат да се тестираат на коронавирус. Германија досега издаде предупредување да не се патува во повеќе од 160 земји, но само 130 од нив се класифицирани како ризични.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот