Германија со Милер, Хумелс и Боатенг против Македонија!?

Томас Милер од 2008 година ги брани боите на Баерн Минхен/ Фото: EPA-EFE/Alexander Hassenstein / POOL

Кон крајот на овој месец ќе стартуваат квалификациите за Светското првенство 2022 во Катар, македонската сениорска репрезентација првиот натпревар ќе го има во Плоешти во Романија на 25 март.

Избраниците предводени од селекторот Игор Ангеловски после дуелот со Романците, три дена подоцна ќе го пречекаат Лихтенштајн, а на 31 март во Дуизбург ќе го имаат можеби и најтешкиот испит против поранешниот европски и светски шампион Германија.

Токму германскиот селектор Јоаким Лев веќе го планира составот за наредните предизвици, а можно е во истиот да се најдат тројца ветерани, Томас Милер (Баерн Минхен), Матс Хумелс (Борусија Дортмунд) и Жером Боатенг (Баерн Минхен).

Овие тројца играчи кои ја освоија титулата на СП 2014 не беа веќе приоритет во март 2020 после разочарувањето на Мундијалот во 2018 во Русија.

– Боатенг игра редовно и добро е кога тој е во ритам, Хумелс има одлични организациски капацитети и сѐ уште може да игра на врвно ниво, не се сомневам во тоа – рече Лев за „Кикер“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот