27.8 C
Скопје

Германија, Шпанија и Франција заедно ќе развијат нов борбен авион

Франција, Германија и Шпанија се договорија за идните чекори во развојот на заеднички борбен авион и се надеваат дека до средината на мај ќе ги усогласат сите детали, изјави денеска извор од германското министерство за одбрана.

Трите држави настојуваат да ги надминат разликите во поглед на интелектуални права откако воените компании се договорија за техничката поделба на работата. Притисокот да се постигне договор што порано расте како што се ближат изборите во Германија во септември.

Најголем европски одбранбен проект

Изостанувањето на договорот за интелектуалните права значи дека земјите го надминаа рокот до крајот на април, кој си го зададоа Германија и Франција за следната фаза од најголемиот европски одбранбен проект кој ќе чини 100 милијарди евра.

Учесниците во проектот до средината на мај треба да предложат кои елементи на производство треба да бидат познати на сите партнери, а кои мораат да бидат доверливи и познати само за одредени компании, рекол изворот.

Француски „Dassault Aviation“, „Airbus“ и „Indra“ – последните две компании ги претставуваат Германија и Шпанија – се вклучени во програмата која од 2040 година би требала да ги замени францускиот авион „Rafale“ и германско-шпанските „Eurofighter“.

Извор: Индекс.хр

Поврзани вести

Европската унија со економски санкции против Белорусија

Слободен печат

Вулин: Да им се забрани влез во Србија на оние кои гласаа за Резолуцијата за геноцид во Сребреница

Катерина Стевовска

Главен научник на СЗО: Разочарува резултатот на вакцината „КјурВак“

Слободен печат

ВИДЕО | Вознемирувачка ситуација: Мечка влегла во град во Јапонија, четири лица се повредени

Слободен печат

Гебрејесус: Очекувам Гвинеја да прогласи крај на епидемијата на ебола

Катерина Стевовска

Штипјанец пронајден мртов во близина на селото Чардаклија

Слободен печат

Остави Коментар