Германија сепак нема да воведе патарини

Поради тоа што товарот би паднал исклучиво на странците, Европскиот суд на правдата пресуди против воведувањето патарини на германските автопати.

Во образложението на судот стои дека ваквата одлука од страна на Германија не е во согласност со антидискриминациските закони на ЕУ. Па така, судот во Луксембурт застана на страната на Австрија, која со поддршка на Холандија побара да се преиспита дали евентуалната одлука на Германија за воведување патарини би била во согласност со европските договори.

До ваквата одлука на судот дојде иако на почетокот на февруари државниот правобранител на судот на ЕУ во својата експертиза навел дека не се сомнева во исправноста на одлуката за воведување патарини.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот