Германија се сомнева дека Русија стои за пожарот во фабриката Диел

Руски диверзантски групи се осомничени дека ја запалиле фабриката за метал во Берлин, компанија која и помага на Украина во воздушната одбрана.

Безбедносни извори за „The Wall Street Journal“ изјавија дека Русите на овој начин се обидуваат да го попречат снабдувањето со оружје и муниција за Украина.

Пожарот избувна на почетокот на мај и предизвика штета од десетици милиони евра, велат од компанијата.

Над 200 пожарникари неколку дена работеа на гаснење на пожарот, но техничката просторија на вториот кат од централата изгоре целосно.

Лица од безбедноста тврдат дека подметнатиот пожар во мај можеби бил дел од руската саботажа.

Официјално, германската полиција извести дека истрагата се уште е во тек.

„Во оваа фаза се претпоставува дека причина за пожарот е технички дефект“, велат од полицијата.

Томас Хор, извршен директор на „Diehl Metal Applications“, минатата недела изјави дека компанијата за осигурување од пожар дошла до истиот заклучок.

Сепак, германските безбедносни власти се сомневаат дека зад пожарот стојат искусни професионалци.

„Русија сè повеќе регрутира цивили, главно криминалци, преку социјалната мрежа „Телеграм“ за да изврши такви напади“, велат претставници од безбедносните служби на земјата.

Овие луѓе добиваат пари во криптовалути, а некои можеби дури и не знаат дека работат за Русија, велат извори за „Wall Street Journal“.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот