Германија се полни со бездомници од Бугарија, Романија и Полска

бездомници атина

Во Германија има 236.000 луѓе без постојано место на живеење, од кои 37.000 живеат на улица, се наведува во извештајот на сојузната влада, кој денеска го пренесоа германските медиуми.

„Од 236.000 граѓани без стан, најголемиот дел, 178.000 од нив живеат во прифатилишта за бездомници, 49.000 живеат привремено кај пријатели или роднини, а 37.000 живеат постојано на улица”, се вели во првиот владин извештај за бездомниците.

Извештајот, исто така, покажува дека најголемото мнозинство бездомници, околу две третини, се мажи. Меѓу бездомниците има 6.000 деца, без разлика дали живеат сами или со родителите во засолниште или на улица.

Со доаѓањето на новата влада, прашањето за бездомниците од Министерството за социјални работи се префрли во Министерството за градежништво. Досега во статистиката беа опфатени само оние бездомници кои беа пријавени во една од прифатните установи. Министерот за труд Хубертус Хајл рече дека новиот начин на водење статистика ќе овозможи насочена помош за ранливите. Работната група за помош на бездомници (BAG W) проценува дека бројот на бездомници е поголем, најмалку 300.000.

Во последните години голем број бездомници доаѓаат од источноевропските членки на Европската унија, пред се Полска, но и Бугарија и Романија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот