Германија сака да ја види С. Македонија во ЕУ најбрзо што може, му кажал Штајнмајер на Ковачевски

Фото: Димитар Ковачевски / Фејсбук

Премиерот Димитар Ковачевски денеска во Владата го пречека претседателот на Сојузна Република Германија, Франк-Валтер Штајнмајер. Според владиното соопштение, тие на средбата изразиле „заемно задоволство од одличните билатерални односи помеѓу двете земји“, кои следната година одбележуваат јубилејни 30 години, како и од силната поддршка која Северна Македонија ја добива од Сојузна Република Германија за евроатлантската интеграција.

-Претседателот Штајнмајер изјави дека Германија сака да ја види Северна Македонија што е можно поскоро во Европската Унија. Детерминираноста за спроведување на реформите е клучна за да се зачува демократијата и европските вредности. На средбата заеднички беше констатирано дека целата поддршка и напори кои ги вложуваат двете земји, вклучително и претстојните уставни измени, се во насока на обезбедување европска иднина на граѓаните, соопшти владината прес-служба.

Во рамки на посетата на претседателот Штајнмајер, во Владата се одржа и билатерална средба на двете делегации. Од страна на владината делегација присуствуваа и првиот вицепремиер Артан Груби, вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и министерот за економија Крешник Бектеши.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот