Германија продолжува да го зголемува извозот на оружје

Експертите проценуваат дека висината на вредноста на извозот од вкупно 615 милиони евра во таканаречените трети земји во најголем дел се однесува на испораката на една подморница за Египет.

„Во првиот квартал од оваа година Германија извезла оружје во вредност од 1,16 милијарди евра, во споредба со 1,12 милијарди евра во истиот период од минатата година”, соопшти денеска германската Влада на прашање на пратеничката на партијата Левица, Севим Дагдален.

За разлика од минатата година кога најголем дел од извозот на оружје беше наменет за некоја од земјите членки на Европската унија, годинава најголемиот дел отпаѓа на извозот во таканаречените трети змеји, што не се членки на ЕУ и на НАТО.

Прочитајте и...  Тетовски стоматолози танцуваат со скафандери, за полесно да мине кризата (ВИДЕО)

Експертите проценуваат дека висината на вредноста на извозот од вкупно 615 милиони евра во таканаречените трети земји во најголем дел се однесува на испораката на една подморница за Египет.

Невладините организации досега често пати го критикуваа извозот на германското вооружување и воена опрема за Египет, која активно учествува во војната во Јемен.

Германската Влада минатата година одобри извоз на вооружување во вредност од повеќе од осум милијарди евра.

Пратеничката Дагдален ја повика владата да ја смени политиката на извоз на оружје.

-Додека Обединетите нации во текот на коронавирусот повикуваат на глобално примирје, Германија со извозот на оружје во кризните региони додава масло на огнот, изјави Дагдален. Таа кажа дека на Германија и е потребно пренасочување на производството од вооружување на цивилна стока, како медицинската опрема.

Прочитајте и...  Брегу: Пресврт во економиите на Западен Балкан - акумулација на знаење намест физички капитал

Според податоците на шведскиот Институт за следење на трговијата со оружје – Сипри, Германија во периодот од 2015 до 2019 година во споредба со периодот од 2010 до 2014 година го зголемила својот извоз на оружје за 17 отсто.

Прочитај повеќе

Димитров ќе земе учество на конференција на Советот на Јадранско–јонската иницијатива

Слободен печат

„Излегувај надвор“- Жена без маска грубо избркана од маркет од купувачите (ВИДЕО)

Слободен печат

Венецуела со авиони ловци ги штити петте иранските танкери

Слободен печат

Еваристе Ндајишимије избран за претседател на Бурунди

Слободен печат

Филипче: Само со придржување до мерките може постепено да се враќаме во нормала, алтернатива на тоа е строга рестрикција

Слободен печат

Италијанската полиција уапси 10 припадници на мафијата „Ндрангета“

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Расте бројот на деца кои живеат во сиромаштија – ќе се зголеми на 672 милиони

Слободен печат

Кофинансирани грантови за технолошки развој за надминување на последиците од КОВИД-19

Слободен печат

Бугарите атакуваат и на српскиот јазик: Во времето кога се формирал српскиот јазик Бугарите не беа Словени

Слободен печат

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија иако имаше ригорозни мерки не се справи со вирусот

Слободен печат

Гренел: САД подготвуваат нови санкции за Северен поток -2

МИА Агенција

Финансиска поддршка за април и мај ќе добијат филмските работници и тие што останале без работа

Слободен печат