Германија: Посебна група истражители ќе ги истражува злоделата на откриените 30.000 педофили

Целта е, да се откријат идентитетите на сторителите поради што Министерството од јули ќе формира посебна истражувачка група која ќе ги открива педофилите, но и кибер – терористите и хакерите на интернет.

Германските истражителите открија мрежа од 30.000 педофили по случајот со сексуално злоставување на деца во Бергиш Гладбах, кој пред неколку месеци ја шокираше Германија.

Почна од еден осомничен на западот од Германија, а дојде до десетина илјади луѓе кои снимаат и споделуваат детска порнографија, на интернет се советуваат и се охрабруваат меѓусебно, објави Дојче веле.

Истражителите открија траги на повеќе од 30.000 осомничени за поседување и растурање на детска порнографија, но и за директно сексуално злоставување на деца, соопшти Петер Бизенбах, покраински министер за правда во Северна Рајна – Вестфалија.

Овие луѓе во форумите и преку четовите отворено комуницираат за злоставување на деца, се поттикнуваат едни со други, си даваат совети, рече министерот.

Прочитајте и...  Меркел: Единството во Европа е поважно од кога и да е

Целта е, како што е најавено, да се откријат идентитетите на сторителите поради што Министерството од јули ќе формира посебна истражувачка група која ќе ги открива педофилите, но и кибер – терористите и хакерите на интернет.

Надлежниот обвинител рече дека истражителите најпрво итно ќе се занимаваат со случаите каде има индиции за сексуално злоставување кое е во тек, а потоа и со сите кои поседуваат и споделуваат детска порнографија.

Минатата еден полицијата во Бергиш Гладбах на западот од земјата уапси еден 43-годишен маж кој е осомничен дека ја злоставувал својата ќерка уште откога била бебе. Го снимал силувањето и ги споделувал снимките во затворена група осомничени.

Полицијата во Келн во врска со тој случај откри педофилска мрежа која стига до Австрија и Швајцарија. Досега е утврден идентитетот на 70 лица.

Прочитајте и...  Изборниот ден неработен за сите граѓани

Во мај е осуден првиот меѓу нив, еден 27-годишен војник. Тој е осуден на 10 години затвор, но првенствено е затворен на неодредено време во психијатриска установа.

Неодамна Германија ја потресоа и други случаи на сексуално злоставување на деца, укажува Дојче вели и наведува пример од снимањето на силување во една викендичка во Минстер и случајот во Лиџ, исто така на западот од земјата, каде двајца мажи во еден камп со години злоставувале вкупно 32 деца.

Германските истражители спроведуваат истрага за 30.000 осомничени за педофилија

Прочитај повеќе

Конте: Или сите ќе бидеме победници или сите губиме

Слободен печат

Излезеноста во Крива Паланка до 13 часот е 43,46 отсто 

Слободен печат

Мијатовиќ ја повика словенечката влада повеќе да дискутира за новиот закон за медиуми

Слободен печат

Здружението „Една може!“ испрати апел од сите родители еднородителски семејства до надлежните институции во земјава

Слободен печат

Подготвуваат 100 милијарди евра: Макрон го најави новиот план за опоравување

Слободен печат

Во Албанија бројот на починати од Ковид-19 надмина 100 лица, меѓу нив и 21-годишна девојка

МИА Агенција

Остави Коментар

Прочитај повеќе

ЦИВИЛ: Првите шест часа од изборниот ден поминуваат мирно

Михаило Донев

Излезеноста до 13 часот во Велес е 28,76 проценти

Слободен печат

Резервациите на Аирбнб во јули го достигнаа предпандемиското ниво

Слободен печат

Четири години од обидот за државен удар во Турција

Слободен печат

До 13 часот во Куманово гласале 22,16 отсто, во Липково 17,01 отсто и во Старо Нагоричане 20,75 отсто од избирачите

Слободен печат

Во тетовскиот регион, Општина Тетово со најголема излезност до 13 часот

Слободен печат