Германија подготвува пакет економски мерки вредни 80 милијарди евра

Иако членовите на партиите на владеачката коалиција се начелно согласни околу потребата од овој финансиски пакет, несогласувања има околу деталите, како и околу висината на расходите.

Претставниците на партиите во коалициската влада на канцеларката Ангела Меркел за утре најавија состанок на кој би расправале за деталите за новиот финансиски пакет кој треба да биде поддршка за економскиот раст загрозен од пандемијата предизвикана од корона вирусот.

Централна тема на расправата, која е закажана за попладневните часови е финансиска поддршка на економијата, семејствата, градовите и општините, а во својот конечен облик би можело да изнесуваат и до 80 милијарди евра.

Иако членовите на партиите на владеачката коалиција се начелно согласни околу потребата од овој финансиски пакет, несогласувања има околу деталите, како и околу висината на расходите.

Баварскиот премиер Маркус Соедер истакна дека државата може да се задолжи и до 100 милијарди евра со оглед дека се уште не е утврдено колкава ќе биде помошта за семејствата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот