Германија подготвува одговор доколку САД воведе нови санкции за „Северен тек 2“

На почетокот на јуни беше предложен закон за санкции против „Северен тек 2“, а станува збор за проширување на веќе постоечките ограничувачки мерки.

Германија подготвува мерки на одговор во случај САД да воведат нови санкции против гасоводот „Северен тек 2“ дознава „Блумберг“ повикувајќи се на неименуван извор од власта.

Како што се наведува, станува збор за план на германската канцеларка Ангела Меркел, која разгледува можност тоа да биде координирана акција со целата Европска унија.

„Блумберг“ потсетува и на неодамнешниот извештај на Министерството за економски развој на Германија во кој се наведува дека нови американски санкции би можеле да ги погодат не само германските и европските компании, туку и државните служби.

На почетокот на јуни беше предложен закон за санкции против „Северен тек 2“, а станува збор за проширување на веќе постоечките ограничувачки мерки.

По ваквите најави се огласи и Бундестагот, кој повика да се спроведат реципрочни мерки против американските сенатори кои го изнесоа ваквиот предлог.

Покрај тоа, една од реципрочните мерки која може да се слушне во Берлин е дека Германија би можела да воведе давачки за увоз на американскиот гас во случај да продолжат притисоците на Вашингтон околу изградбата на „Северен тек 2“.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот