Германија одобри тестирање на вакцини за Ковид-19 врз луѓе

Фото: МИА

Здравствените власти веруваат дека вакцината ќе биде готова следната пролет.

Германскиот институт „Пол Ерлих” (ПЕИ) објави дека е одобрен првиот тест за вакцини против коронавирусот врз луѓе.

ПЕИ со седиште во Ланген е водечка институција во Германија за вакцини и за издавање одобрувања.

Првиот човек на ПЕИ, Пол Цихутек на прес-конференција рече дека институтот во борба против Ковид-19 ја одобрил првата фаза од тестот и дека очекува вакцината да биде готова следната пролет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот