Германија очекува илјадници мигранти од Белорусија

Мигранти / Фото: EPA-EFE/FEHIM DEMIR

Германската сојузна покраина Бранденбург, која се граничи со Полска, очекува дополнителни неколку илјади мигранти илегално да влезат во Германија преку Белорусија и Полска во наредните месеци.

– Мораме да сметаме на фактот дека мигрантите кои веќе се во Полска, Литванија и Летонија ќе се обидат да стигнат до Германија, истакна министерот за внатрешни работи на Бранденбург, Михаел Штубген, говорејќи пред Комитетот за внатрешни работи во локалниот Парламент во Потсдам.

Тој додаде дека во Белорусија и понатаму пристигнуваат голем број мигранти од Ирак, од Сирија и од Иран, но оти не го знае точниот број на мигранти кои тргнале кон Германија.

Штубген ги отфрли барањата на некои сојузни покраини, како Саска, која исто така граничи со Полска, за воведување на привремени контроли на границата.

И германскиот министер за внатрешни работи Хорст Зехофер е против воведување гранични контроли и апелираше за засилена соработка и помош на полските граничари во чувањето на полско-германската граница.

Најверојатно, белорускиот претседател Александар Лукашенко, како одмазда за санкциите на Европска Унија, плански носи граѓани од Блискиот Исток и од Африка во Белорусија, од каде што преку Полска се обидуваат да стигнат до западните земји, како Германија.

ЕУ неодамна се закани со санкции против авиокомпаниите кои превезуваат мигранти во Белорусија.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот