Германија нема да ѝ испорача на Украина оружје со долг дострел, тврди Шолц

Олаф Шолц, германски канцелар/Фото: EPA-EFE/FILIP SINGER

Германскиот канцелар Олаф Шолц ја отфрли можноста неговата земја да и обезбеди на Украина прецизно оружје со долг дострел, без оглед на одлуките донесени од сојузниците на НАТО. Според него, обезбедувањето германски крстосувачки ракети „Таурус“ за Киев ќе доведе до голем ризик од ескалација на конфликтот.

Ракетите „Таурус“ имаат дострел од околу 500 километри и би можеле да се користат за напад врз Москва од украинска територија.

Реков не, нагласи Шолц, додавајќи оти тоа важи и за другите оружја.

Тој посочи дека нема да го промени својот став дури и ако другите земји одлучат да постапат поинаку.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски бара од сојузниците на Украина да и обезбедат оружје со долг дострел за да може да ги нападне руските логистички и воени аеродроми лоцирани далеку зад линијата на фронтот, дури и на руска територија.

Оружјето со најдолг дострел што Германија досега го испрати во Киев е ракетниот фрлач Марс II, кој може да погоди цели на оддалеченост од 84 километри. САД, Велика Британија и Франција испратија крстосувачки ракети во Украина со дострел до 300 километри.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот