Германија не им попушта на фудбалерите, Ливерпул и Лајпциг ќе играат во Будимпешта
Реванш натпреварот од осминафиналето во Лигата на шампионите помеѓу Ливерпул и Лајпциг исто така ќе се игра во Будимпешта, на Арената „Ференц Пушкаш“.
И првиот натпревар помеѓу овие две екипи се играше во Будимпешта, а одлуката и реваншот да се игра на истиот стадион е порадо мерките на германска влада.
Според одлуките на германската влада, не е дозволено патување на нејзините граѓани надвор од Европската унија, а притоа да не поминат во двонеделен карантин. За да не бидат во состојба да одложуваат натпревари во Бундеслигата или да ги загубат со службен резултат во моменти кога се борат за титулата, одлучено е Лајпциг и Ливерпул и вториот натпревар во ЛШ да го играат во Будимпешта. Покрај главниот град на Унгарија, во игра беше и стадионот на Феенорд во Ротердам „Де Кујп“, но таа идеја беше блокирана од холандските власти. Исто така постоеше можност, реваншот да се игра на „Фриули“ во Удине, но и таа опција пропадна.
Првиот натпревар помеѓу Лајпциг и Ливерпул заврши со триумф на англискиот тим од 2:0.