Германија не го „мириса“ „Нон Пејперот“ на Франција

Францускиот предлог за реформа на процесот на проширување на ЕУ, за кој треба да се расправа на денешниот министерски состанок на ЕУ, не носи ништо ново, а би го забавил процесот на проширување, велат во Берлин.

Во одговорот за Дојче Веле на македонски се вели:

„Реформските предлози на француската влада кои се однесуваат на методологијата на проширување на ЕУ ни се познати. Ние сме отворени за разговори кои би воделе кон подобрување на процесот на пристапување, но само ако тоа не води кон дополнително одложување на пристапните преговори со Албанија и Северна Македонија. Оваа цел министерот за надворешни работи Хајко Мас ја потврди уште еднаш за време на неговата посета на Северна Македонија минатата среда. ЕУ сега мора да го одржи зборот, зашто предусловите за почеток на преговори се исполнети. Продолжувањето на успешната ЕУ-политика на пристапување и долгорочниот стабилен развој на Западниот Балкан се наш стратешки интерес.“

Ова стои во одговорот на германското Министерство за надворешно работи испратен на барањето на ДВ за коментар на францускиот предлог за реформа на преговарачкиот процес кој се води со земјите кои сакаат да станат членки на ЕУ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот