Германија на помлади од 30 години ќе им дава само „Фајзер“

Profimedia
photo: Corona vaccine. Pfizer and BioNTech

Германскиот комитет за вакцинација (STIKO) денеска објави дека на граѓаните помлади од 30 години смее да им се дава само вакцината „Бионтех-Фајзер“.

Одлуката дојде откако студии покажале дека помал број млади луѓе развиле воспаление на срцето откако биле вакцинирани со вакцината „Модерна“, што не е забележано кај постари од 30 години.

СТИКО препорача и трудниците, без разлика на возраста, да се вакцинираат само со „Фајзер“, јави Дојче Веле.

Предлогот за препорака сега оди до германските покраини и дополнителна група експерти на разгледување и, можеби, ревизија.

Француската агенција за јавно здравје вчера препорача на лица под 30 години да им се дава вакцината на „Фајзер“ кога е достапна, наместо „Модерна“, која „има релативно поголем ризик за проблеми со срцето“.

ЕМА претходно оваа година соопшти дека утврдила можна врска меѓу ретко воспаление на срцето и вакцините на „Фајзер“ и „Модерна“ против ковид-19. Но, придобивките од двете вакцини засновани на технологијата на мРНА ги надминуваат ризиците, соопшти агенцијата, а тоа е ставот и на американските регулатори и на СЗО.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот