Полиција Германија/ Фото EPA-EFE/CLEMENS BILAN

Германија: Млади Сиријци со нож раниле 18-годишно момче од Романија, се бори за живот

Тинејџер од Романија е избоден и тешко ранет во Германија, во брутален напад од тројца Сиријци. Лауренциу О. (18) од Романија синоќа бил нападнат, а полицијата веднаш уапсила тројца сириски државјани.

Нападот се случил во градот Шверте во Северна Рајна-Вестфалија. Л. О. бил прободен повеќепати по што паднал во крв на асфалтот. Екипите на итната помош набргу пристигнале на местото на настанот.

Според „Билд“, нападот го извршиле Сиријци, од кои најмладиот има само 15 години. Уапсени се Ахмад Ал Т. (26), Сулејман А. (24) и Махмуд А. (15) откога по нападот се обиделе да побегнат. „Билд“ објави и дека еден од осомничените се смеел додека полицајците го апселе.

Обвинителството соопшти дека тројца сиријски државјани со привремен престој во Германија ќе бидат обвинети за обид за убиство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот